САД со порака до Русија: Ќе има последици ако Навални почине

пред 3 години

Џејк Саливан, советник на претседателот на САД, Џо Бајден, во емисијата на Си-Ен-Ен „Стејт оф јунион“ изјави дека владата ѝ соопштила на Русија дека ќе има последици доколку Алексеј Навални почине.

Навални, еден од најголемите критичари на претседателот на Русија, Владимир Путин, започна да одбива да јаде на 31 март во знак на протест затоа што затворската управа не му дозволи да го прегледа лекар по негов избор, поради болки во грбот и нозете, објави „Ројтерс“.

Тој беше осуден на две ипол години затвор во февруари за кршење на условната казна, а беше уапсен на аеродромот по враќањето од Германија, каде се опоравуваше од труење. Тој беше отруен во Русија.

Share
Scroll to Top