Американската војска соопшти дека во текот на ноќта извршила напад со дрон против организаторот на авганистаничкото крило на Исламска држава, Хорасан.
„Нападот со беспилотно летало се случи во авганистанската провинција Нангархар. Според првите информации, ја погодивме целта“, рече Бил Урбан од Централната воена команда на САД.
Ова е прв воздушен напад на американската армија по нападот на аеродромот во Кабул, кој беше извршен во четвртокот. Нападот на американската армија се случува додека под строг надзор продолжува евакуацијата од аеродромот во Кабул.
Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во четвртокот во кој меѓу загинатите имаше и 13 американски војници.