Американскиот државен секретар, Eнтони Блинкен, рече дека Украина им ветила на САД дека напредните ракетни системи што им ги испраќаат САД нема да се користат за цели лоцирани на руска територија.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Постои голема доверба меѓу Украина и САД, како и меѓу нашите сојузници и партнери“, рече Блинкен на прес-конференција.
Новото оружје ќе го вклучува високомобилниот артилериски ракетен систем H14ARS M142. Системите можат да лансираат попрецизно проектили на цели оддалечени 70 километри, што е значително повеќе од опремата што Украина моментално ја има.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги обвини САД дека намерно долеваат масло на огнот со испраќање оружје и рече дека не верува дека Киев нема да пука со оружје кон Русија.
Песков рече и дека Кремљ не ја исклучува средбата меѓу претседателот Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски, но дека таквите разговори мора однапред да се подготват.
Тој вели дека работата на мировниот документ со Украина одамна е во застој.
„Ние сме на работ на многу длабока прехранбена криза поврзана со воведувањето незаконски ограничувања против нас и дејствијата на украинските власти кои го минираа патот до Црното Море и не испорачуваат жито оттаму, и покрај фактот што Русија не им пречи на ниту еден начин“, рече Песков.