САД утре ќе ги објават новите санкции против Русија

пред 3 години

САД утре ќе објават нов пакет санкции против руските политичари и олигарси, кога претседателот Џо Бајден ќе се сретне со лидерите на НАТО, најави советникот на Бајден за национална безбедност Џејк Саливан.

Саливан, кој даде изјава за новинарите по заминувањето на Бајден за Брисел на самитот на НАТО, рече и дека за координацијата на санкциите ќе разговараат лидерите на Г7 в петок. Тој додаде дека тема ќе биде и снабдувањето со енергија на Европа.

Тој рече дека Вашингтон ќе размисли за зголемување на испораките на течен природен гас за Европа во наредните недели за да ја намали зависноста на континентот од руската енергија. Тој не даде детали, но рече дека претставниците на САД ќе можат да кажат повеќе за тоа в петок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Share
Scroll to Top