САД, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд и Велика Британија основаа Пацифичка групација

пред 2 години

СAД, Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Велика Британија формираа неформална Пацифичка групација за зајакнување на економските и дипломатските врски со островските држави на Тихиот Океан, соопшти Белата куќа.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Бајден вети дека ќе насочи повеќе средства во индо-пацифичката област, бидејќи Кина се обидува да ги зајакне економските и воените врски со островските нации на Тихиот Океан, кои сакаат странски инвестиции.

„Ние сме обединети во нашата заедничка определба да го поддржиме регионот населен со народите на Пацификот. Ние сме, исто така, обединети во начинот на кој ја следиме таа визија – во согласност со принципите на пацифичкиот регионализам, суверенитет, транспарентност, одговорност и, пред се предводени од Пацифичките Острови“, соопшти Белата куќа.

Share
Scroll to Top