САД денеска треба да ги објават новите пакет-санкции против руските политичари и олигарси кога претседателот Џо Бајден ќе се сретне со лидерите на НАТО, најави советникот на Бајден за национална безбедност, Џејк Саливан.
Тој рече дека лидерите на Г7 утре ќе разговараат и за координацијата на санкциите. Саливан додаде дека тема ќе биде и снабдувањето со енергија на Европа.
Тој рече дека Вашингтон ќе размисли за зголемување на испораките на течен природен гас за Европа во наредните недели за да ја намали зависноста на континентот од руската енергија. Тој не даде детали, но рече дека претставниците на САД ќе може да кажат повеќе за тоа в петок со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.