Самоопределување на Албин Курти освои 46,5 проценти од гласовите

пред 4 години

Движењето Самоопределување на Албин Курти убедливо води на предвремените парламентарни избори во Косово со 46,50 проценти од гласовите, објави Централната изборна комисија (ЦИК) во Приштина, врз основа на третина од пребројаните гласови.

Демократската партија на Косово е на второ место со 18,95%, по што следи Демократската лига на Косово со 13,72% и Алијансата за иднината на Косово со 8,87% од гласовите.Претставниците на Српската листа, кои освоија 3,66% од гласовите врз основа на првите прелиминарни резултати, веќе прогласија победа во енклавите каде има мнозинство српско население, велејќи дека ги освоиле сите 10 места загарантирани со Уставот на Косово.

„Уште еднаш по ред, поддржана е политиката на Александар Вучиќ и Српската листа. Освоивме 10, максимален број мандати“, потврди службеникот на Канцеларијата за Косово на српската влада.

Движењето Самоопределување ги замоли своите приврзаници и граѓаните на Косово да не излегуваат на улиците да ја слават победата заради пандемијата на коронавирусот и студеното време, пренесуваат приштинските медиуми.

Share
Scroll to Top