Само Јужнокорејците со ковид-пасош ќе можат да се вратат во секојдневниот живот

пред 3 години

Сеул објави дека ќе издава дигитални сертификати со кои ќе се потврди статусот на вакцинација на лицата вакцинирани против Ковид-19, со што стана последната нација што ја донесе контроверзната мерка како средство за повторно отворање на прекуграничното патување, пренесува РТ.

Јужна Кореја ќе промовира апликација за паметен телефон овој месец што ќе може да покаже дали некој примил вакцина, рече премиерот Чунг Сје-Кјун. Системот ќе користи блокчејн-технологија за заштита од потенцијална кражба на идентитетите.

„Воведувањето пасош за вакцина или „Зелена попусница“ ќе им овозможи на оние кои се вакцинирани да му се вратат на секојдневен живот“, истакна премиерот.

Тој додаде дека Јужна Кореја ги следи другите нации кои тврдат дека развиле системи способни да го проверат статусот на вакцинација без да складираат други приватни информации.

Од почетокот на националната кампања за вакцинација против Ковид-19, Јужна Кореја вкцинираше повеќе од 850. 000 луѓе. Целта е да се вакцинираат 12 милиони граѓани до јуни.

Земјите ширум светот имаат имплементирано слични системи и за домашна употреба и за олеснување на меѓународните патувања. Кина и ЕУ започнаа да издаваат дигитални пасоши за вакцини што ќе се користат при преминување на границите.

Во други земји како Израел, потребен е и сертификат за вакцина за да се добие влез во одредени места и да се извршат специфични активности.

Имаше повици за создавање стандарден систем за Ковид-пасоши што може да се користи низ целиот свет. Членовите на Г7, меѓувладина група која се состои од најголемите индустриски развиени земји во светот, наводно размислуваат за универзална здравствена легитимација.

Сепак, сè уште постои многу противење на идејата, која беше жестоко критикувана како дискриминаторска и нарушување на приватноста. На пример, гувернерот на Флорида, Рон Десантис вети дека ќе издаде извршна наредба со која ќе се забранат вакцинални, отфрлајќи го концептот како непотребно прелекорување на овластувањата на владата.

Share
Scroll to Top