Санчез ја обвини ЕУ за двојни стандарди кон Израел и Русија

Санчез ја обвини ЕУ за двојни стандарди кон Израел и Русија

пред 2 часа

Шпанскиот премиер, Педро Санчез ја критикуваше Европската унија за двојни стандарди, оценувајќи дека неподготвеноста да се санкционира Израел, за разлика од Русија, ја поткопува нејзината веродостојност, пренесува Еуроњуз.

„Она што нè делегитимира се овие двојни мерила што Европа ги применува во Украина и на Блискиот Исток“, изјави Санчез на самитот на Европскиот совет на Кипар.

Неговиот повик за суспензија на договорот меѓу ЕУ и Израел не добил поддршка од земјите членки, додека дел од нив остануваат воздржани.

Санчез предупреди дека без почитување на меѓународното право, светот се движи кон „закон на посилниот“, што носи поголема нестабилност и несигурност.

Текстот Санчез ја обвини ЕУ за двојни стандарди кон Израел и Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top