Саудиските медиуми: Израел го уби лидерот на Хезболах

Саудиските медиуми: Израел го уби лидерот на Хезболах

пред 3 часа

Мохамед Раад, лидерот на парламентарното крило на Хезболах, наводно бил убиен во напад на израелските одбранбени сили (ИДФ) врз цели во Либан, објавија утрово телевизиските станици „Ал-Арабија“ и „Ал-Хадат“, во саудиска сопственост.

Либанскиот претседател Џозеф Аун изјави дека ракетниот напад врз Израел им штети на напорите Либан да се држи подалеку од регионален конфликт, а дописниците на „Ал-Арабија“ објавија дека сите училишта и образовни институции во Либан се затворени по наредба на Министерството за образование.

Израел соопшти дека нападите биле одмазда за тоа што Хезболах испалил неколку ракети во северен Израел преку ноќ.

ИДФ соопшти дека погодиле неколку високи членови на Хезболах во Бејрут и „клучен терорист на Хезболах“ во јужен Либан, но не ги потврдија имињата.

Командантот на Северната команда на Израелските одбранбени сили, генерал-мајор Рафи Мило, ги коментираше нападите: „Хезболах го избра иранскиот режим пред либанската држава и започна напад врз нашите цивили. Бевме подготвени – и тие ќе платат скапо.“

„Веднаш по ракетирањето на Хезболах, во согласност со планот, го започнавме првиот голем бран напади врз Бејрут и јужен Либан, насочени кон високи оперативци, командни центри и терористичка инфраструктура. Исто така, работиме на евакуација на цивили од јужен Либан пред понатамошни напади“, рече генерал-мајор Мило.

Текстот Саудиските медиуми: Израел го уби лидерот на Хезболах е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top