Сведок на Специјалниот суд во Хаг пронајден мртов – командувал со логорот на ОВК

пред 4 години

Поранешниот косовски полицаец Фадил Суљевичи, кој бил и командант на нелегален затвор на ОВК е пронајден мртов, пренесуваат српските медиуми.

Како наведува „Газета експрес“, тој се наоѓа на списокот сведоци на Специјалното обвинителство во Хаг.

За овој случај се огласил и главниот обвинител на Основното обвинителство на Приштина, Кујтим Муниши.

“Обвинителот отиде на местото на настанот за да види што се случило. Полицијата е на местото на настанот. Тој беше пронајден мртов некаде на планините”, изјави Муниши.

Суљевичи е поранешен припадник на косовската полиција, кој беше примен во полицијата по 1999 година. Засега нема повеќе информации дали Суљевичи е сведок во некое од обвиненијата против поранешните команданти на ОВК, кои беа уапсени и се наоѓаат во Хаг.

Суљeвичи е по потекло од Медвеѓа и како што еднаш изјави Здружението на киднапирани и исчезнати лица од Косово и Метохија, тој командувал со нелегален затвор во близина на Матикан, во кој имало околу 300 приведени Срби. Србија еднаш издаде потерница за него преку Интерпол.

Share
Scroll to Top