Истрагата за сексуална злоупотреба во Француската католичка црква откри дека од 1950 година, околу 216.000 деца биле злоставувани од свештенството, изјави шефот на независната истрага за злоупотреба, Жан-Марк Сува.
Скандалот во Франција е последен во низата од оние што ја погодија Римокатоличката црква ширум светот во последните 20 години. Во повеќето случаи, тоа е злоупотреба на деца.
За време на јавната презентација на Интернет, Суве рече дека проблемот се уште постои, истакнувајќи дека до 2000-те, Црквата покажувала целосна незаинтересираност за жртвите.