Северна Кореја има тајно оружје

Северна Кореја има тајно оружје

пред 4 дена

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека Северна Кореја се здобила со ново тајно оружје и постигнала значителен напредок во истражувањето и развојот во областа на одбраната, објави денес државната агенција на земјата, KCNA.

– Стекнавме ново тајно оружје и постигнавме значителен напредок во истражувањето и развојот во одбраната, што во голема мера ќе придонесе за понатамошно продирање на нашата воена моќ. Нашата партија и влада, исто така, остваруваат континуиран и брз напредок во зајакнувањето на одбранбените капацитети на нашата земја – рече Ким за време на неговото обраќање на седницата на Врховното национално собрание.

Според него, Северна Кореја ја зајакнала својата поморска моќ со создавање повеќенаменски уништувачи.

Ким, исто така, рече дека веста за херојството на севернокорејските војници кои учествуваа во операцијата за ослободување на Курската област во Русија предизвика бран патриотски чувства и милосрдие за семејствата на повредените, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на севернокорејските државни медиуми.

– Откако беше пренесена херојската слава на нашите војници од прекуокеанските оперативни единици кои учествуваа во операцијата за ослободување на Курската област на Руската Федерација, во целото општество почна да преовладува масовниот хероизам, а меѓу младите мажи и жени се појави невидена желба за запишување во војската – заклучи Ким Џонг-ун.

Средба со Трамп

Тој вели дека е отворен за разговори доколку САД се откажат од барањето за денуклеаризација на неговата земја.

Ким истакна дека нема причина да се избегнуваат разговори со САД доколку Вашингтон престане да инсистира неговата земја да се откаже од своето нуклеарно оружје, но истакна дека никогаш нема да се откаже од својот нуклеарен арсенал за да се укинат санкциите, објави Ројтерс, повикувајќи се на севернокорејските државни медиуми.

– Лично, сè уште имам убави спомени од американскиот претседател (Доналд) Трамп – рече Ким во говорот на седницата на Врховното национално собрание.

Двајцата лидери се сретнаа три пати за време на првиот мандат на Трамп на чело на САД.

Коментарите на Ким дојдоа во време кога новата либерална влада во Сеул го повикува Трамп да ја преземе водечката улога во рестартирањето на дијалогот со Ким, шест години откако сите мировни разговори со Пјонгјанг пропаднаа поради санкциите и нуклеарното разоружување.

– Ако САД престанат да бидат апсурдно опседнати со нашата денуклеаризација и ја прифатат реалноста, и ако сакаат вистински мирен соживот, тогаш нема причина да не седнат со САД – рече Ким.

Ова е прв пат Ким да го спомене Трамп по име откако американскиот претседател беше инаугуриран во јануари, според Рејчел Минџунг Ли, експертка за Северна Кореја во Центарот Стимсон со седиште во САД, со проценка дека тоа е „отворање“.

– Ова е повик на Ким до Трамп да ја преиспита политиката на САД за денуклеаризација, како и порака дека, ако САД се откажат од таквата политика, тој би можел да се сретне со Трамп – заклучува таа.

Фото: принтскрин

Текстот Северна Кореја има тајно оружје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top