Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море

Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море

пред 2 часа

Армијата на Јужна Кореја соопшти дека пресретнала десетина неидентификувани балистички ракети истрелани од севернокорејската областа Сунан кон Јапонско Море.

Северна Кореја последен пат истрела балистичка ракета со краток дострел во Јапонско Море на 27 јануари. Пјонгјанг тогаш соопшти дека тестира „систем за повеќекратно лансирање ракети со голем калибар, надграден со нова технологија“.

Со резолуции на ОН на Северна Кореја ѝ е забрането да лансира или дури и да тестира балистички ракети.

Текстот Северна Кореја истрела десетина ракети кон Јапонско Море е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top