Седум лица уапсени во близина на самитот Г7

пред 3 години

Седум лица се уапсени откако две возила биле запрени и претресени на околу пет километри од местото на Самитот Г7 во округот Корнвол, на југозападот од Англија, соопшти полицијата.

Полицијата открила боја, димни бомби и мегафони откако во четвртокот запреле автомобил и комбе за време на рутинска проверка, јавува Би-Би-Си.

Полицијата соопшти дека седум лица, кои биле уапсени по тој повод сè уште се во полициски притвор.

Денес во Англија започнува самитот на групата седум најразвиени земји (Г7).

На самитот ќе присуствува и американскиот претседател Џозеф Бајден, кој е во посета на Велика Британија.

Share
Scroll to Top