Се сретнаа Гутереш и Ердоган во Анкара

пред 3 години

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се сретнаа во Анкара.

Тие ја истакнаа итната потреба од „ефективен пристап преку хуманитарни коридори“ за евакуација на украинските цивили и испорака на хуманитарна помош до заедниците погодени од војната.

Гутереш изрази поддршка за тековните дипломатски напори на Турција да стави крај на војната, рече портпаролот на ОН Стефан Дузарик, додавајќи дека тие „се согласиле да останат во контакт за да ги следат тековните иницијативи“, пренесува АП.

„ Генералниот секретар на ОН и турскиот претседател потврдија дека нивната заедничка цел е што поскоро да се стави крај на војната и да се создадат услови за ставање крај на страдањата на цивилите“, рече Дузарик.

За време на средбата, Ердоган рече и дека Турција ќе продолжи тесно да соработува со ОН за да се стави крај на хуманитарната криза во Украина и да помогне во евакуацијата на цивилите.

Share
Scroll to Top