Се трошат резервите на  оружје, Пентагон бара итно производство

Се трошат резервите на оружје, Пентагон бара итно производство

пред 3 часа

Пентагон бара од американската одбранбена индустрија да го забрза производството на оружје за да ги надополни залихите на муниција што се исцрпени, делумно поради конфликтот со Иран. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави во саботата дека одделот е фокусиран на зголемување на набавките за да се обезбеди „оружјето што им е потребно на нашите војници со темпото што го бара заканата“.

Парнел потврди дека министерството се обидело да го забрза процесот минатата недела, но исто така истакна дека тоа е дел од поширока модернизација што започнала дури и пред петмесечниот конфликт.

Заменик-министерот за одбрана, Стив Фајнберг, во среда испрати меморандум до лидерите во индустријата, давајќи им до 21 ден да поднесат планови за „значително побрзи и поагресивни распореди за испорака и/или зголемено производство на клучни капацитети“, според документ што го виде „Вашингтон пост“.

„Повеќегодишните развојни циклуси не се прифатливи“, напиша Фајнберг. „Мораме веднаш драматично да ги забрзаме нашите програмски распореди и да го прошириме производствениот капацитет“.

Меморанумот е испратен во време кога конфликтот со Иран дополнително ги намали веќе ниските залихи на напредни ракетни пресретнувачи на американската војска. Нова анализа покажува дека ова би можело да ги стави американските сили во поголем ризик доколку продолжат непријателствата.

Намалувањето на залихите на пресретнувачи „Патриот“ и „ТХААД“ би можело да ги принуди САД и сојузниците на Блискиот Исток да преземат поголеми ризици за да ги зачуваат системите за воздушна одбрана, според анализата на Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS) со седиште во Вашингтон.

Како пример, анализата посочува дека американските сили би можеле да испукаат помалку ракети кон дојдовните ирански дронови и ракети, што ја зголемува веројатноста дека некои од нив ќе ја пробијат одбраната.

Во последните денови, претседателот Доналд Трамп го изрази своето незадоволство од медиумските извештаи за недостатокот на муниција.

фото/Depositphotos

Текстот Се трошат резервите на оружје, Пентагон бара итно производство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top