Најмалку осум луѓе се тешко повредени откако се урна зграда во Јужна Кореја. Пет-катницата се урнала врз автобус и два автомобили, соопштија властите.
Спасувачките екипи се испратени на местото на настанот и спасија осум лица, сите тешко повредени, се наведува во соопштението.
Не е јасно дали повредените се наоѓале во автобусот, патничките возила или во демолираната зграда. Пожарникарите соопштија дека бараат луѓе кои можеби се наоѓаат под урнатините на зградата.