СЗО: Во Европа има повеќе вакцинирани отколку заразени лица со коронавирус

пред 3 години

Во Европа сега има повеќе вакцинирани отколку заразени лица со коронавирус, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

„Поминаа 462 дена откако беа пријавени првите случаи во Европа“, рече регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Оттогаш, додаде тој, вирусот е откриен кај 5,5 проценти од вкупната популација во Европа, додека 7 проценти се целосно вакцинирани.

„Првпат по два месеци, Европа забележа значителен пад на бројот на нови инфекции минатата недела“, рече Клуге, истакнувајќи дека, сепак, бројот на случаи е сè уште многу висок.

СЗО во европскиот регион вклучува повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги Украина, Русија и Турција.

Досега се пријавени 51,3 милиони случаи во овие земји, вклучително и скоро 1,37 милиони во изминатата недела. Експертите велат дека реалниот број на случаи веројатно е многу поголем од официјалниот број.

Share
Scroll to Top