СЗО: Забележан рекорден дневен број на новозаразени во светски рамки

пред 4 години

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во последните 24 часа е регистриран рекорден број на новозаразени со Ковид-19 ширум светот, односно повеќе од 350.000 нови случаи.

Новиот дневен рекорд го надминува претходниот максимален дневен број на заразени за скоро 12.000 инфекции. Докторот Мајкл Рајан од СЗО на прес-конференција рече дека засега нема нови решенија против ширењето на вирусот, пренесува АП.

Тој додаде дека СЗО сака да избегне повторно воведување карантин што ја уништува економијата, но затоа владите мора да обезбедат заштита на најранливите групи и да спроведат други мерки.

Голем број на земји денеска пријавија високи бројки на новозаразени. Така на пример во Франција за 24 часа се регистрирани 20.330 случаи на инфекција, што е прво надминување на бројката од 20.000 уште од почетокот на пандемијата.

Рекордни дневни бројки се пријавени и во Португалија со 1.394 и Холандија со речиси 6.000 новозаразени. Исто така Црна Гора денеска забележа поголем број на заразени отколку за време на целиот прв бран односно 344 нови случаи за 24 часа.

Во Македонија веќе трет ден по ред се менува рекордот на заразени за 24. часа. Во средата беа регистрирани 317 нови случаи, вчера 364, а денеска 386 на 2.267 тестирања.

Share
Scroll to Top