Повеќе од половина од возрасните во Европа се дебели, според Регионалниот извештај за дебелината за 2022 година претставен од Светската здравствена организација (СЗО) во вторникот. Податоците покажуваат дека околу 59 отсто од возрасните во европскиот регион на СЗО се со прекумерна тежина или се дебели. Проблемот погодува повеќе мажи отколку жени, при што 63 отсто од мажите се со прекумерна тежина во споредба со 54 отсто од жените.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Кај децата на возраст меѓу 7 и 9 години, 29 отсто од момчињата се со прекумерна тежина, а 27 отсто од девојчињата. Само 8 отсто од децата на возраст под 5 години се со прекумерна тежина. Кај адолесцентите овој процент е 25.
Луѓето со прекумерна тежина кои се погодени од Ковид-19 имаат поголема веројатност да бидат примени во болница или да починат од болеста, според СЗО.
Прекумерната тежина и дебелината генерално се меѓу водечките причини за инвалидитет и смрт во Европскиот Регион на СЗО, а дебелината може да стане главен фактор на ризик за рак во наредните децении во некои земји, заменувајќи го пушењето.