СЗО предупреди на зголемување на бројот на заразени со коронавирус во Европа

пред 3 години

Во Европа, бројот на заразени со коронавирус минатата недела почна да се зголемува по десет недели пад, објави денеска Европскиот оддел на Светската здравствена организација (СЗО) и предупреди на опасност од нов бран.

„Ќе има нов бран во европскиот регион, освен ако не бидеме дисциплинирани“, рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Според СЗО, минатата недела бројот на заразени во Европа скокна за десет проценти поради патувања, собири и укинување на некои мерки против епидемијата.

„Ова се случува додека се шири новиот, загрижувачки делта сој на вирусот. И покрај напорите на државите, неколку милиони луѓе сè уште не биле вакцинирани”, рече Клуге.

Share
Scroll to Top