СЗО: Русија сподели податоци од клиничко испитување на вакцината против коронавирусот

пред 4 години

Русија ги сподели со Светската здравствена организација (СЗО) податоците добиени за време на фазата 1 и 2 од клиничките испитувања на нејзината вакцина „Спутник V“ против Ковид-19, изјави советник во регионалната канцеларија на СЗО за Западен Пацифик, пренесува „Спутник“.

„Ова е ажурирање од последниот брифинг за руската вакцина. Тоа беше многу рана фаза на дискусија помеѓу СЗО и регулаторниот орган на Русија и сега знаеме дека Русија веќе ги споделила своите податоци за клиничкото испитување во фаза 1 и во фаза 2 со СЗО, а самиот руски национален регулаторен орган веќе даде условно одобрување за вакцината. Надвор од тоа, сè уште немаме информации за распоредување на овие вакцини во други земји”, рече д-р Сокоро Ескаланте на брифингот.

Кон крајот на септември, регионалниот директор за Европа во СЗО, Ханс Клуге, ѝ се заблагодари на Русија за нејзините одлични напори да создаде безбедна и ефикасна вакцина. Тој изрази уверување дека тековните испитувања на руската вакцина по регистрацијата ќе бидат успешни и им се заблагодари на сите волонтери кои се согласиле да учествуваат во тестирањето.

На 11 август, рускиот Институт за истражување „Гамалеја“ официјално ја регистрираше првата вакцина во светот против Ковид-10, наречена „Спутник V“. Две успешни фази од клиничките испитувања докажаа дека руската вакцина е способна да создава имунитет против вирусот.

Во моментов, Русија спроведува клинички испитувања на „Спутник V“ по регистрацијата, со вклучени над 42.000 луѓе во Русија и низ целиот свет. Москва веќе има добиено барања за една милијарда дози вакцина од најмалку 20 земји, но властите нагласија дека Русија мора прво да се погрижи за своите жители.

Share
Scroll to Top