СЗО: Трета недела по ред опаѓа бројот на заболени од коронавирус во светот

пред 3 години

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека бројот на нови случаи на коронавирус се намалува на глобално ниво трета недела по ред.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, оцени дека новиот тренд покажува дека е можно да се контролира вирусот, иако се појавуваат нови видови, со примена на мерки како физичко дистанцирање, покривање на лицето и одржување на хигиената.

Сепак, Тедрос истакна дека светот веќе бил во слична ситуација и посочи дека не е време за опуштање.

„Во текот на изминатата година, имаше моменти во речиси сите земји каде што бројот на регистрирани случаи се намали. Мерките на претпазливост беа релаксирани, а потоа вирусот продолжи да беснее”, потсети Тедрос.

Тој потенцираше дека во моментот кога вакцинирањето се прави на глобално ниво, потребно е да се применат мерки на претпазливост кои придонесуваат за безбедноста на луѓето, пренесува „Гласот на Америка“.

„Контролирањето на ширењето на вирусот придонесува за спасување животи и ги намалува шансите за појава на нови видови. Исто така, помага дејството на вакцините да биде поефикасно”, рече тој.

Share
Scroll to Top