Силен пожар на крузер во Грција

пред 4 години

Силен пожар избувна на крузерот „МСЦ Лирика“ денес околу 15:30 часот.

Големиот брод кој плови под панамско знаме е закотвен пред пристаништето Крф во Грција, пренесуваат грчките медиуми.

Екипажот на бродот, кој броел 51 лице, бил навремено евакуиран, и сега сите се на сигурно, информираат медиумите.

На крузерот немало патници затоа што бил на зимско лежиште.

„Силен црн чад и пламен се појавуваат од страната на бродот закотвен на Крф“, велат сведоците.

Еден противпожарен брод стигна до крузерот, а пожарникарите се обидуваат да го спречат огнот, пишуваат тамошните медиуми.

Share
Scroll to Top