Сијарто: Европа треба да ја зголеми безбедноста на своите граници

пред 2 години

Европа мора значително да ја зајакне безбедноста на своите граници и подобро да се подготви против тероризмот, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој на конференцијата на ОН за борба против тероризмот во Малага на југот на Шпанија, рече дека зголемената активност на терористичката група Исламска држава и радикализацијата што може да резултира од можен претстоен недостиг на храна е значајна закана за континентот.

Европа се соочува со голем број безбедносни предизвици, рече Сијарто за време на конференцијата, наведувајќи ја војната во Украина и нестабилноста во јужното соседство на континентот, соопшти унгарското Министерство за надворешни работи.

„ Европа не смее да дозволи војната во Украина целосно да го оттргне нејзиното внимание од она што се случува на нејзиниот југ“, додаде унгарскиот министер, пренесува МТИ.

Сијарто рече дека војната во Украина, исто така, претставува значаен предизвик во борбата против тероризмот, откако Исламска држава ги повика своите следбеници да го искористат овој конфликт и да извршат напади во Европа.

Друг важен фактор, рече тој, е што Русија и Украина учествуваат со 15-16 отсто од светскиот извоз на жито, што се очекува значително да се намали во наредните месеци. Според него, тоа би можело да предизвика натамошна дестабилизација во Африка и некои земји на Блискиот Исток, што би довело до ширење на екстремистички идеологии и тероризам.

Сијарто рече дека ОН треба да одвојат повеќе финансиски средства за борбата против тероризмот.

Share
Scroll to Top