Унгарија нема да поддржи никакви санкции за руската нафта и гас, изјави денеска министерот за надворешни работи Петер Сијарто, повторувајќи го ставот на унгарската влада по тоа прашање.
„ Испораките на руски гас во Унгарија пристигнуваат без никакви прекини“, изјави Сијарто на брифинг со новинарите во видео-обраќање на неговиот Фејсбук профил, по разговорот што го имаше со неговиот турски колега во Анкара, пренесе „Ројтерс“.