Скелети и изгорени коски пронајдени во пустина во Мексико

пред 2 години

Скелети и изгорени фрагменти од коски се пронајдени во Мексико. Остатоците ги пронашле волонтери од организацијата „Мајки во потрага“, на тајно место во пустината на северната мексиканска држава Сонора.

Според агенцијата АП, тие не навеле колку тела се пронајдени, а државните обвинители изјавиле дека се работи за коски на три или четири лица.

Волонтерите на Сонора се главно мајки кои ги бараат своите исчезнати деца.

Локацијата во Санта Ана ја нарекоа „логор за истребување“ и објавија видеа од черепи, остатоци од коски и облека што ја ископале од јамите.

Сонора беше сцена на крвави борби меѓу нарко-картелите, со повеќе од 95.000 исчезнати луѓе во Мексико, според владините податоци.

Повеќе од 93.000 луѓе исчезнаа од 2006 година, кога владата започна војна против организираниот криминал.

Се верува дека повеќето од нив биле убиени од нарко картели, а нивните тела биле фрлени во плитки гробници, запалени или растворени, наведува американската агенција.

Share
Scroll to Top