Словенечкиот министер Aлеш Хојс негативен на коронавирус

пред 4 години

Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс објави дека извршил брз редовен тест за коронавирус и дека по втор пат бил негативен.

Хојс ги чекаше резултатите од вториот тест во самоизолација, поради што не се појави на прес-конференцијата на која требаше да ги објасни мерките за движење меѓу општините, пренесува порталот 24УР.

Претходно, Хојс на „Твитер“ објави дека е тестиран по втор пат и дека ги чека резултатите во самоизолација.

Хојс ги чекал резултатите од тестовите во самоизолација, за разлика од некои други членови на владата – министрите за надворешни работи и јавна администрација Анже Логар и Боштјан Коритник, кои работеле и оделе во приватни посети додека ги чекале резултатите од тестот.

Тие се правдаа со тоа што не добиле упатства од лекар да се изолираат, како и дека се тестирале поради контакт со потенцијално заразено лице.

Share
Scroll to Top