Словенија ги отвора ски-центрите, училиштата, фризерските салони…

пред 4 години

Благодарение на подобрувањето на епидемиолошката состојба во поголемиот дел од Словенија, скијачките центри наскоро ќе бидат отворени под одредени услови, следната недела повторно ќе започнат часовите во пониските одделенија во основните училишта, а ќе се отворат и пазарите и фризерските салони, објави словенечката влада.

„Во девет од 12-те региони, оние со подобра епидемиолошка слика, ски-центрите ќе бидат повторно отворени од сабота, а оние со негативен тест за коронавирус можат да скијаат“, потврди премиерот Јанез Јанша по сесијата.

Што се однесува до условите за влез во Словенија за патниците од ЕУ и Шенген зоната, владата одлучи тие да можат да влезат без задолжителен карантин или негативен тест за коронавирус, под услов престојот да не трае подолго од 12 часа, а во следните случаи: ако имаат недвижен имот или земјиште во Словенија, поради грижа на член на семејството или имот, поради контакт со дете и некои други исклучителни случаи.

Share
Scroll to Top