Словенија со заострени мерки за патниците од европските земји

пред 4 години

Словенечката влада донесе одлука за заострување на режимот за патници од европските земји, поради секојдневниот пораст на бројот на новозаболени од „Ковид-19“, па од утре шест европски земји ќе бидат избришани од зелената листа, додека во Словенија ќе можат без ограничувања да влезат само патници од Србија, Австралија, Нов Зеланд и Уругвај. Црвената листа е значително проширена, така што отсега на неa се наоѓаат Белгија, Чешка, Исланд, Луксембург и Шпанија, додека за патниците од Хрватска и Австрија ќе се применува малку поблаг режим. Италија останува на портокаловата листа до ново известување, што значи дека патниците од Италија и земјите од црвената листа ќе мора да бидат ставени во карантин. БиХ сè уште е на црвената листа, односно се применува задолжителен карантин, освен за оние со негативен тест за коронавирус.

Share
Scroll to Top