Советникот за Ковид-19 во Белата куќа се извини зашто дал интервју за рускиот медиум

пред 4 години

Советникот за коронавирус во Белата куќа, Скот Атлас, се извини зашто дал интервју за рускиот медиум РТ без да знае дека е тој регистриран како странски агент во земјата, пренесува „Војс оф Америка“.

„Неодамна дадов интервју за РТ и не бев свесен дека тие се регистрирани странски агенти. Жалам што го дадов интервјуто и се извинувам што дозволив да бидам искористен“, напиша Атлас во твитот во неделата.

Атлас беше прикажан во 27-минутно интервју на програмата на РТ „Going Underground“ каде разговараше за одговорот на Белата куќа на Ковид-19 и широко распространетата осуда на неговата експертиза.

Атлас е наречен псевдо-експерт и „одлепен“ од Бил Гејтс, додека епидемиологот во Белата куќа, Ентони Фаучи, се дистанцираше од Атлас.

РТ беше принуден да се регистрира како странски агент во САД по претседателските избори во 2016 година кога Вашингтон беше зафатен од сомнеж за руско влијание врз американската политика, нешто што Москва го негираше.

 

 

Share
Scroll to Top