Советникот на Зеленски за преговорите: „Беше тешко, но немаше руски ултиматум“

пред 2 години

Околу 17 часот по локално време, по повеќе од пет часа, заврши првата рунда преговори меѓу руската и украинската делегација.

Според зборовите на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак, кој се огласи на својот Твитер профил, преговорите биле тешки, но засега без ултиматум.

„Преговорите беа тешки. Сепак, без никакви задолжителни ултиматуми. За жал, руската страна се уште е крајно пристрасна во своите деструктивни процеси“, напиша Подољак околу шест часот по локално време.

Share
Scroll to Top