Сопругата на Асанж: Ако биде екстрадиран во САД, тој ќе биде жив погребан

пред 3 години

Британскиот суд денес одлучува дали ќе го испорача основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, во Америка.

САД сакаат да го гонат за шпионажа откако објавија стотици илјади доверливи документи.

За неговите приврзаници, 49-годишниот Асанж стана симбол на борбата за слобода на информации.

За неговата судбина ќе одлучува судијката Ванеса Берицер пред судот во Олд Бејли во Лондон. Без оглед каква одлука ќе биде донесена за тоа, ќе може да се поднесе жалба, така што судската битка во Велика Британија сигурно нема да заврши тука.

Останува да се види каков ќе биде односот на идниот американски претседател Џо Бајден кон основачот на Викиликс. Покрената е постапка против Асанж под претседателство на Доналд Трамп. За време на претходникот на Трамп, Барак Обама, чиј потпретседател беше Бајден, американските судови се откажаа од гонење на Асанж.

Сепак, пред 10 години, Бајден го спореди Асанж со високотехнолошки терорист.

Адвокатката Стела Морис, со која Асанж има две деца, во интервју за германскиот весник „Шпигел“ изјави дека од март ниеден од неговите адвокати не се појавил во затворот Белмарш во Лондон, каде што тој се наоѓа.

Таа рече дека одбраната на Асанж е сериозно хендикепирана.

„Но, ситуацијата во затворот Белмарш не е ништо во споредба со условите во затворот на кој тој ќе биде подложен во САД доколку биде екстрадиран“, рече таа, оценувајќи дека Асанж тогаш ќе биде жив закопан.

Share
Scroll to Top