Србија на чекор до легализација на истополовите бракови

пред 3 години

Првиот чекор кон легализирање на браковите на членови на ЛГБТ заедницата во Србија го направи вчера Министерството за човекови и малцински права, објавувајќи ги почетните точки за изготвување на закон за истополовите бракови. Јавната расправа ќе трае до 20 февруари, а најавите се дека законот треба да биде усвоен во Собранието ова лето, објави „Блиц“.

Министерката за човекови права и социјален дијалог, Гордана Чомиќ, за „Блиц“ вели дека нацрт-законот треба да се најде во Собранието до крајот на пролетната сесија.

„Предлогот ќе биде во Собранието на Србија до крајот на пролетното заседавање. Во петок, ќе бидат објавени почетните точки и тоа е самиот почеток на процесот“, рече таа.

Законот за истополови бракови беше едно од најголемите барања на сите паради на гордоста во Србија. Во нацртот што е објавен во јавноста, истополовиот брак е дефиниран во член 2.

„Истополова заедница е заедница на семеен живот на две полнолетни лица од ист пол кои се регистрирани пред надлежен јавен орган во согласност со одредбите на овој закон“, пишува во членот и се додава дека ова се однесува и на мажи и на жени, без дискриминација.

Share
Scroll to Top