Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека во Србија треба да се отвори нова фабрика за дронови, кон средината на септември, што ќе се реализира во соработка со Израел.
„Србија ќе отвори фабрика за дронови, но со Израелците“, рече Вучиќ денеска на заедничката прес-конференција по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Палатата на Србија.
Според него, се очекува фабриката да се отвори околу 15 или 20 септември. Тој не даде дополнителни детали за локацијата на фабриката, нејзините производствени капацитети, видот на дронови што ќе се произведуваат или вредноста на инвестицијата.
Вучиќ зборуваше за фабриката за беспилотни летала како одговор на новинарско прашање дали разговарал за воена соработка со Зеленски.
„Денес не разговаравме за никаква воена соработка, не во денешно време. Што ќе се случи кога ќе заврши војната е друго прашање“, додаде Вучиќ.
Зеленски пристигна во Србија вчера вечерта. Посетата на украинскиот претседател Зеленски на Србија беше долгоочекувана и доаѓа три недели по самитот Украина-Југоисточна Европа во Киев, на кој присуствуваше и Вучиќ.
фото/Depositphotos
Текстот Србија ќе отвори фабрика за дронови, најави Вучиќ е превземен од МАКФАКС.





