Србија: 1.545 новозаразени, пет лица починаа

пред 3 години

Пет лица починаа од коронавирус во Србија во последните 24 часа, а регистрирани се 1.545, вкупно 45.137 досега, објавија српските здравствени власти.

Бројот на пациенти на болничко лекување е зголемен од вчерашните 1.012 на 1.048 во петокот, од кои 47 се на апарати за дишење. Од почетокот на епидемијата, Србија тестираше 1.329.100 примероци, регистрирани се 45.137 случаи на Ковид-19, а официјално се пријавени вкупно 814 смртни случаи.

Стапката на смртност падна под два проценти и според последните официјални податоци денес е 1,80 проценти. Српските здравствени власти не воведуваат нови мерки, инсистирајќи на тоа граѓаните постојано да применуваат мерки и препораки за социјално растојание и почитување на физичкото растојание во затворени простории и на отворено, носејќи маски и миење и дезинфекција на рацете што е можно почесто.

Share
Scroll to Top