Курти: Косово што поскоро да добие статус на земја кандидат за членство во ЕУ

Српската Канцеларија за Косово: Курти испрати полиција во аптеките, целта е да им ги укине на Србите основните потреби за живот

пред 3 месеци

Српската Канцеларија за Косово и Метохија денеска соопшти дека властите во Приштина, на чело со Албин Курти, спровеле насилна акција на северот, упаѓајќи во аптеките во Косовска Митровица и Звечан, а по тој повод запленето било поголемо количество лекови.

Како резултат на тоа, се наведува дека е оневозможена и онака отежнатата набавка и достапност на лекови на северот во Косово, што е проблем што ги засега сите категории на население.

„Ова е уште еден показател дека наместо деескалација, Курти секојдневно прави нови ескалирачки потези на северот на Косово и Метохија, особено со цел да им го оневозможи животот на Србите и со тоа да ги принуди да ги напуштат своите вековни огништа, укинување на основни средства за живот, од динари до лекови и основни животни потреби и прехранбени производи“, се наведува во соопштението што го пренесе српската новинска агенција „Танјуг“.

Текстот Српската Канцеларија за Косово: Курти испрати полиција во аптеките, целта е да им ги укине на Србите основните потреби за живот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top