Подваријантата на омикрон сега е доминантен вид на коронавирус во Јужна Африка, изјави денеска директорот на Африканските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Џон Нкенгасонг.
„Имаме податоци од Јужна Африка дека подваријантата на омикрон БА.2 сега стана доминантна варијанта во Јужна Африка“, рече Нкенгасонг на редовниот онлајн брифинг за печатот, пренесува Ројтерс.
Тој исто така рече дека подваријантата омикрон, позната и како стелт омикрон, бидејќи е потешко да се открие, е регистрирана во Мозамбик, Сенегал, Боцвана, Маурициус, Кенија и Малави, додавајќи дека е можно овој вид да е присутен и во други земји.