Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека смета дека е малку веројатно дека ќе има целосна војна меѓу Русија и Алијансата.
Сепак, тој посочи дека ситуацијата во Украина е крајно непредвидлива, а НАТО се соочува со нова реалност и мора да биде подготвен на долг рок.
Поради војната во Украина, НАТО ќе го продолжи мандатот на Столтенберг за уште една година. Тој изрази благодарност и привилегија по трет пат да го продолжи мандатот.
Запрашан дали работата во НАТО е поважна од онаа што требаше да ја работи во Норвешката централна банка, Столтенберг рече дека чувствува дека е.
“I think it’s not likely there will be a full-fledged war” between NATO and Russia, @NATO Secretary General @jensstoltenberg says. “But that’s also because we have been so clear about the consequences if Russia attacks a NATO-allied country.” pic.twitter.com/zhmQ874zZK
— Christiane Amanpour (@amanpour) March 24, 2022