Столтенберг: Нема да правиме компромиси за прифаќање на која било земја во алијансата

пред 2 години

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг соопшти дека НАТО нема да прави компромиси околу принципот за прифаќање на било која земја во блокот.

Столтенберг рече дека Алијансата во никој случај нема да го жртвува својот основен принцип секоја земја да може да избере свои одбранбени сојузи.

НАТО вечерва одржа вонреден состанок на ниво на министри за надворешни работи за руското воено групирање околу границата со Украина, како и за други прашања поврзани со европската безбедност.

Share
Scroll to Top