Стотици луѓе завршија во болница во Индија поради мистериозна болест

пред 3 години

Најмалку еден човек почина, а 227 се хоспитализирани од засега неутврдена болест во индиската држава, Андра Прадеш.

Докторите ги истражуваат причините за оваа неидентификувана болест, поради која пациетите имале широк спектар на симптоми – од мачнина до напад и несвестица, рекле докторите, наведувајќи дека голем дел од хоспитализираните лица оздравеле и брзо се пуштени дома.

Локалните медиуми пренесуваат дека пациентите направиле тестови за коронавирус и дека сите биле негативни.

„ Луѓето кои се разболеле, особено децата, ненадејно почнаа да повраќаат откако се пожалија дека им горат очите. Некои од нив се онесвестија или претрпеа напади“ изјавил медицински злужбеник во државната болница во градот Елуру.

Андра Прадеш е една од најлошо погодените држави од пандемијата на коронавирус. Но, овој случај не е поврзан со Ковид-19, потврди и министерот за здравство на Индија.

Share
Scroll to Top