Украина бара прием во ЕУ

пред 2 години

Украинскиот претседател, Володомир Зеленски, побара неговата земја да биде примена во Европската Унија.

„Ова е клучен момент еднаш засекогаш да се затвори долгогодишната дискусија и да се одлучи за членството на Украина во ЕУ“, напиша Зеленски на „Твитер“.

Претседателот вели дека разговарал за понатамошна ефикасна помош, како и за херојската борба на Украинците за нивната слободна иднина со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Share
Scroll to Top