Страниците на италијанската влада цел на сајбер напади, осомничени се руски хакери

пред 3 години

Серија веб-страници на италијанската влада денеска биле цел на сајбер напади за кои се сомничат руски хакери „Килнет“. Нападнати се веб-страниците на Министерството за надворешни работи, Министерството за култура и Високиот судски совет, пренесуваат тамошните медиуми.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Портпаролот на федералната полиција го потврдил инцидентот, додавајќи дека е отворена истрага предводена од специјален тим. Не се знае точно колку веб-страници биле погодени.

„Килнет“ претходно напаѓале и други институции, вклучително и веб-страниците на германската влада и компјутерите на натпреварот за песна на Евровизија овој викенд, објавија агенциите. Тој напад бил одбиен. Според пишувањата на медиумите, тие потоа ги нападнале страниците на италијанската полиција и ги срушиле.

Share
Scroll to Top