Страшна порака од чеченскиот лидер до Зеленски: Ќе завршиме со вас деновиве

пред 2 години

Лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров, коментирајќи ја изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, дека Украина е подготвена да се бори 10 години,изјави дека со Зеленски се ќе биде готово за неколку дена.

– Читам дека Зеленски изразил подготвеност да се бори 10 години. Немаме толку време, ќе завршиме со вас деновиве – рече Кадиров во аудио снимка објавена на Телеграм.

Кадиров му препорача на Зеленски да оди, како што рече, „кај постариот брат Бајден и да се ракува“, алудирајќи на ситуацијата во која минатата недела се најде претседателот на САД, Џозеф Бајден.

Имено, откако го завршил говорот во Северна Каролина, се свртел надесно и ја подаде раката за ракување, иако во негова близина немаше никој.

Share
Scroll to Top