Строго заклучување во Сиднеј откако властите открија ново жариште на Ковид-19

пред 3 години

Властите во Сиднеј наредија делови од градот да се затворат денеска од полноќ, откако во источните предградија на градот се појавија кластер на заразени лица, што порасна на 65 случаи.

Жителите на четирите градски области и луѓето кои работат во нив мора да останат дома освен ако не е апсолутно потребно да излезар, рече премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан, откако објави дека здравствените власти регистрирале 22 нови случаи на индекција од последниот извештај.

Важни причини за напуштање на домот се одење на работа или образование, пазарење, здравствена заштита или вежбање на отворено.

Здравствената службеничка Кери Чант вели дека е наредено да остане дома за да им се олесни на властите да ги пронаоѓаат новите инфекции.

Државата Нов Јужен Велс регистрираше 5.507 случаи на инфекција и 56 смртни случаи од почетокот на епидемија. Во моментов, 56 лица се лекуваат од Ковид-19, а едно лице е на интензивна нега.

Австралија досега успеа да ја задржи пандемијата под контрола со примена на многу строги мерки, вклучително и затворање на меѓународните граници од март 2020 година со неколку исклучоци.

Сега властите се обидуваат да го држат под контрола ширењето на новиот позаразен делта вид на коронавирусот.

Share
Scroll to Top