Судење во Германија: по сообраќајна несреќа, фотографирала маж кој умира и заминала на работа

Судење во Германија: по сообраќајна несреќа, фотографирала маж кој умира и заминала на работа

пред 1 година

Во судот во Диселдорф го почна судењето на 41-годишна жена, која, по сообраќајна несреќа, фотографирала маж на умирање со својот мобилен телефон во јули 2020 година, а потоа отишла на работа.

Како што пренесуваат германските медиуми, 41-годишната жена возела автомобил и наеднаш свртела на недозволено место. Зад неа стоел 60-годишен маж на мотор, кој се лизнал и удрил во ограда. Жената го видела повредениот мотоциклист, излегла од автомобилот и ги фотографирала и него, и автомобилот и моторот. Потоа отишла на работа, а човекот починал.

Жената тврди дека не е виновна за несреќата бидејќи директно не се судрила со мотоциклистот. Таа беше обвинета за убиство од небрежност, загрозување на сообраќајот, удирање и бегство и повреда на лични права со фотографирање лице на умирање.

„Доцна сфатив дека погрешно свртев“, изјави обвинетата. „Не ја знаев улицата“, додаде таа.

„Фотографиите од мотоциклистот веднаш му ги испратив на шефот за да ми поверува дека несреќата е причината што доцнам на работа“, изјави таа.

Тројца сведоци на несреќата пред судот потврдија дека жената рекла дека мора да оди на работа и се оддалечила.

Текстот Судење во Германија: по сообраќајна несреќа, фотографирала маж кој умира и заминала на работа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top