Судот нареди апсење на поранешниот шеф на кабинетот на Зеленски: „Немам за кауција“

Судот нареди апсење на поранешниот шеф на кабинетот на Зеленски: „Немам за кауција“

пред 2 часа

Високиот антикорупциски суд на Украина денеска нареди апсење на Андриј Јермак, близок сојузник на претседателот Володимир Зеленски и негов поранешен шеф на кабинет, по обвинение за перење пари. Судот, исто така, одреди кауција од 140 милиони гривни (околу 3,19 милиони долари) за Јермак, кој ги негира обвиненијата, да остане на слобода додека чека пресуда.

„Немам толку многу пари, а мојот адвокат сега ќе работи со пријатели и познаници за да собере средства за кауција“, изјави Јермак пред новинарите по одлуката на судот. „Мојот правен тим ќе се жали. Ќе ги искористиме сите законски средства за да постигнеме правда и вистина“, додаде тој.

Украинските власти го именуваа Јермак за осомничен во голема истрага за корупција пред три дена. Тој е најистакнатата личност во внатрешниот круг на претседателот што антикорупциските службеници успеаја да го уапсат.

Јермак се сметаше за втора најмоќна личност во Украина
Украинските антикорупциски служби соопштија дека Јермак е осомничен за учество во криминална организација одговорна за перење пари од околу 10,5 милиони долари преку изградба на луксузни станбени објекти околу главниот град Киев.

Јермак се сметаше за втора најмоќна личност во Украина по Зеленски, кој имаше огромно влијание во украинската политика и покрај тоа што имаше позиција што не беше избрана од народот, туку беше назначена.

Текстот Судот нареди апсење на поранешниот шеф на кабинетот на Зеленски: „Немам за кауција“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top