Судот пресуди: Полска и Романија должни 1,9 милијарди евра кон „Фајзер

Судот пресуди: Полска и Романија должни 1,9 милијарди евра кон „Фајзер

пред 3 часа

Суд во Брисел пресуди дека Полска и Романија мора да ги преземат и платат вакцините против ковид од компанијата Pfizer, во вредност од 1,9 милијарди евра, пренесе Ројтерс.

Компанијата покрена тужба во 2023 година поради непочитување на договорот склучен со Европската комисија. Двете држави претходно одбија да ги исполнат обврските, повикувајќи се на развојот на пандемијата, војната во Украина и сомнежи за злоупотреба на пазарна позиција.

Судот ги отфрли тие аргументи и наложи обврските да се исполнат.

Според пресудата, Полска треба да плати 1,3 милијарди евра, а Романија 600 милиони евра. Полска не даде коментар, додека од романската влада соопштија дека сè уште не ја добиле официјалната одлука.

Текстот Судот пресуди: Полска и Романија должни 1,9 милијарди евра кон „Фајзер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top