Суспендирани сите комерцијални летови од Кабул

пред 3 години

Сите комерцијални летови од меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул се прекинати, а властите ја повикаа јавноста да не создава гужви.

Според податоците на шведскиот портал за контрола на летање Флајтрадар 24, на два авиона од Њу Делхи им било наложено да го сменат курсот и да не летаат над територијата на Авганистан, пренесува ТАС С.

Авганистанската управа за цивилно воздухопловство (АЦВА) денеска објави дека воздушниот простор над Авганистан сега е контролиран од армијата, а АП наведува дека американската армија, која веќе го контролира аеродромот, ја презеде контролата врз воздушниот простор.

AЦВА ја потврди информацијата на шведскиот портал дека на авионите што летале над територијата на Авганистан им било препорачано да се пренасочат.

Американските и британските авиокомпании веќе престанаа да го користат воздушниот простор над Авганистан, откако бунтовниците ја презедоа контролата врз претседателската палата во Кабул.

Припадниците на талибанското движење го зазедоа главниот град Кабул, без отпор, во тек е контрола на владата и безбедносните служби, а авганистанскиот претседател Ашраф Гани ја напушти земјата.

Share
Scroll to Top